Шкендија подобра на пионерската средба

Помладите пионери на Шкендија и КУЛ одиграа „контролка“
09/03/2022
Кадетите пропуштија „брдо“ шанси за погодок во Тетово
09/03/2022

Шкендија подобра на пионерската средба

Пионерите на КУЛ, денес одиграа пријателски дуел, тие гостуваа кај тимот на ФК Шкендија. Избраниците на Сашо Јанев на оваа „контролка“ која се одигра во Тетово, одиграа две различни полувремиња првото го добија на резултатски план, во второто домаќинот беше поуспешен во реализацијата, дуелот заврши 5-2 (1-2).

Натпреварот го започнавме со следниот состав: Диковски, Спасевски, Стојановски, Пачниловски, Трпевски, Митров, Имери, Љамалари, Цветков, Јовановски и Наумовски.


Првиот дел започна со доминација на домашниот тим која беше крунисана со погодок за 1-0. По овој гол ние тотално го сменивме пристапот и бевме тимот кој доминираше. Најпрвин преку Фисник Љамалари успеавме да ја вратиме резултатската симетрија и да изедначиме на 1-1. Противникот се закани, на нашиот гол Дуковски беше присебен. Добивме слободен удар на 25.метра од косо, топката ја зема капитенот, Петар Трпевски и се подготвуваше да го изведе истиот. Со одличен удар крај „живиот ѕид“ го погоди аголот и на атрактивен начин донесе целосен пресврт со погодок за 1-2. Капитенот и по погодокот имаше прилика овој пат за удвојување на предноста. Двата тима одиграа одличен прв дел, до крајот имаше по една прилика на двете страни. Најпрвин тимот на Шкендија со шут од слободен удар ја „размрда“ гол конструкцијата, потоа стрелецот на првиот гол за нас, Фисник имаше прилика за погодок. На одмор се замина со минимална предност за КУЛ, односно со резултат 1-2.


По само пет минути во вториот период на оваа пријателска средба тимот на домаќинот доби удар од 11.метра, Шкеднија изедначи на 2-2 по прецизно изведен пенал. Ривалот по една контра успеа да ни врати и он да направи преврт поведувајќи со 3-2. Ние прилика за изедначување на резултатот имавме преку Имери Илхан, неговиот удар не донесе изедначување. Повторно домаќинот по брза транзиција погоди уште во две прилики за конечни 5-2 на оваа пријателска средба.


Во игра од клупата кај нас влегоа : Камев, Костовски и Лазовски.