Помладите пионери на Шкендија и КУЛ одиграа „контролка“

КУЛ генерација 2008 триумфално кај Шкендија
09/03/2022
Шкендија подобра на пионерската средба
09/03/2022

Помладите пионери на Шкендија и КУЛ одиграа „контролка“

Помладите пионери на ФК КУЛ (генерација 2007) денес гостуваа во градот Тетово кај тимот на ФК Шкендија. Избраниците на Стојан Тодоровски-Стиц беа поразени на овој натпревар со резултат 4-0 (0-0).

Натпреварот го започнавме со следниот состав: Раевски, Николовски, Ангелевски, Карчев, Љамалари, Мутовиќ, Крстевски, Тасевски, Стефановски, Атаносовки и Трајковски.


Првиот дел започна со почетно испитување на силите на двата тима и се играше на средината на теренот. Ние први се заканивме преку Карчев, сепак по неговиот обид немаше погодок. Противникот имаше две прилики на нашиот гол одличен беше Раевски кој ја зачува мрежата. На одмор заминавме со резултатска симетрија, односно со почетниот резултат 0-0.


Вториот дел започна со наш посед на топката, сепак прва прилика имаше домашниот тим. На голот на КУЛ повторно сигурен беше нашиот голман Раевски. Одлична прилика имавме во средината на вториот дел, добивме слободен на 20-сетина метри. Топката ја зема и одлично го изведе истиот Стефановски Матрко, за жал по неговиот удар не ја затресовме мрежата на тетовчани. Домаќинот во следната акција казни и поведе со 1-0, до крајот на овој пријателски натпревар под Шара, црвено-црните успеаа да ја зголемат предноста и да остварат победа со резултат 4-0.


На клупата беа и добија прилика за игра следните играчи: Рисовски, Анголевски, Шавгановски, Петровски, Алексов, Магларовски и Димитровски.