КУЛ генерација 2008 триумфално кај Шкендија

Шест екипи утре ќе патуваат за Тетово, каде ќе играат натпревари со Шкендија
09/02/2022
Помладите пионери на Шкендија и КУЛ одиграа „контролка“
09/03/2022

КУЛ генерација 2008 триумфално кај Шкендија

ФК КУЛ генерација 2008, денес гостуваше во градот Тетово кај тимот на ФК Шкендија. Избраниците на Горан Тодоровски-Сивчо дојдоа до победа со резултат 1-2 (1-1) на оваа контролна средба.

Започнавме со следните 11: Цветевски, Димковски, Ангелевски, Лазаров, Гоџо, Алексов, Арнаудов, Николовски, Талевски, Велковски и Костадиновски.


Натпреварот започна одлично за нас, веќе по една минута фудбал во Тетово момците во сини дресови поведоа со 1-0. Топката пред казнениот простор ја доби Михаил Алексов, умешно го мина чуварот и стрелаше рутинирано за предност на КУЛ од 0-1. Противникот се закани, на нашиот гол Ангел Цветевски успеа да одбрани незгоден удар. Шкендија успеа да изедначи во продолжението, па на одмор заминавме со резултатска симетрија, за време на паузата беше 1-1.


Вториот дел од овој пријателски натпревар започна со наша доминација, ние креиравме шанси па успеавме да ја вратиме предноста. Теодор Велковски постигна погодок за предност од 1-2. Веќе во следната акција создадовме прилика за удвојување на предноста, одлична шанса имаше Талевски Трајче, неговиот удар го одбрани голманот на црвено-црните од Тетово. Последната голема шанса за на оваа средба ја имаше Ангелевски, нашиот игра упати одличен удар кој заврши крај голот од 10-сетина метра. Победата на оваа средба беше остварена со резултат 1-2.


На ова средба од клупата Тодоровски даде шанса и на: Муртиќ, Кузманов и Аврамов.