(Фотогалерија) Македонската женска А-селекција тренираше на „Цементарница“

Капитенот на Македонија, Андонова: „Цементарница“ ни овозможува врвни услови за тренирање, драго ми е што КУЛ е прволигаш
09/04/2022
Стартува новата сезона во Детската Лига на ФФМ
09/09/2022

(Фотогалерија) Македонската женска А-селекција тренираше на „Цементарница“

По победата над Летонија, избраничките на селекорот Изов Кирил, девојките од А-селекцијата на Република Македонија се подготвуваа за следниот тежок натпревар. Македонските фудбалерки ги очекува тешко гостување и квалификациски натпревар кај селекцијата на Австрија. Тие изминатите неколку дена работеа на нашиот стадион, „Цементарница“. Одличните услови и зелениот тревник овозможија одлична подготовка на девојките, она што радува е дека и во иднина истиот ќе биде „база“ на црвено-жолтите женски фудбалски селекции. Ви носиме фотографии од вчерашниот последен тренинг на „Цементарница“ пред заминувањето за Австрија.

Направиме интервју и со капитенот, Андонова Наташа кое може да го погледнете на следниот ЛИНК!

Како што напоменавме, дел од националната репрезентација се и четири девојки кои настапуваат за  ЖФК Истатов КУЛ, Ана Милчевска, Бојана Петкова, Теодора Ѓоргиевска и Александра Јовановска. Селектор е нашиот тренер, Кирил Изов, додека дел од стручниот штаб на А-селекцијата е и Тања Крстовска.