Стартува младинската Супер Лига, распоред на натпревари за нашиот клуб кој втора сезона ќе биде дел од најсилната конкуренција

Стартува новата сезона во Детската Лига на ФФМ
09/09/2022
Драган Стефановски: Сигурен сум дека можеме да го повториме успехот од минатата сезона, дури и да одиме чекор понапред
09/15/2022

Стартува младинската Супер Лига, распоред на натпревари за нашиот клуб кој втора сезона ќе биде дел од најсилната конкуренција

Од претстојниов викенд и официјално стартува натпреварувачката сезона 2022/23 во младинската Супер Лига. За разлика од минатата, сезонава во најсилната младинска лига ќе се натпреваруваат вкупно 12 клубови. Екипите кои се приклучуваат на Супер Лигата се екипите на Охрид Лихнидос и Куманова Милано 2010, додека екипите на Еуроспорт Куманово, Скопје, Ренова и Њу Старс се селат во понизок ранг на натпреварување. Нашиот клуб и втора последователна сезона ќе биде дел од најквалитетната лига.

Веќе е одредена ждрепката за првото коло, како и распоредот на натпревари за есенскиот дел од сезоната. Стартуваме со натпревари против екипата на Вардар, а во продолжение можете да го погледнете и распоредот на натпревари за пионерските екипи ( помлади пионери и пионери-домаќини, кадети и младинци-гости)

1 коло: КУЛ – Вардар

2 коло: КУЛ – Македонија Ѓ.П

3 коло: Шкупи – КУЛ

4 коло: КУЛ – Академија Пандев

5 коло: Пелистер – КУЛ

6 коло: КУЛ – Победа

7 коло: Брегалница – КУЛ

8 коло: Охрид Лихнидос – КУЛ

9 коло: КУЛ – Куманова Милано

10 коло: Шкендија – КУЛ

11 коло: КУЛ – Работнички