Старт на младинската Супер Лига, со натпревари против екипата на Вардар

Генерацијата 2012 ќе настапи на турнир во Војводина
09/16/2022
Кадетите на Кул останаа без бодови на отварање на сезоната, пораз на натпреварот со Вардар
09/17/2022

Старт на младинската Супер Лига, со натпревари против екипата на Вардар

Утре стартува новата натпреварувачка сезона во младинската Супер Лига. Во рамките на 1.коло нашиот клуб за противник ја има екипата на Вардар. Сите натпревари се закажани во сабота (17.09).

Пионерските екипи се домаќини на Цементарница. Помладите пионери ќе започнат од 12:00 часот, додека натпреварот на пионерските екипи ќе стартува од 14:00 часот. На Локомотива ќе бидеме гости со кадетите и младинците. Овие натпревари се закажани да започнат од 10:00 и 12:00 часот.

Генерацијата 2007 ќе дебитира во помладата пионерска Супер лига, под водство на Стојан Тодоровски, додека генерацијата 2006 ќе ја води Сашо Јанев. Предводник на генерациите 2004 и 2005 ќе биде Драган Стефановски.