Кадетите на Кул останаа без бодови на отварање на сезоната, пораз на натпреварот со Вардар

Старт на младинската Супер Лига, со натпревари против екипата на Вардар
09/16/2022
Минимални порази за пионерите и младинците, на натпреварите против Вардар
09/17/2022

Кадетите на Кул останаа без бодови на отварање на сезоната, пораз на натпреварот со Вардар

Денес стартуваше новата сезона во рамките на младинската Супер Лига. Нашите кадети во рамките на 1.коло гостуваа кај екипата на Вардар, од која бевме поразени со резултат 4:2. Натпреварот го завршивме со двајца играчи помалку на теренот, поради исклучувањата на Цамиќ и Васиќ.

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Димитриевски, Теновски, Богданоски, Фејзула, Цамиќ, Ахмедов, Наков, Васиќ, Љубомировски, Цветановски (К) и Филиповски. 

Иако први успеавме да го отвориме резултатот, сепак на крајот останавме без бодови. Првите удари кон голот ги имаше нашиот состав, преку Наков и Ахмедов, но ништо сериозно. Успеавме први да го отвориме резултатот со голот на Белмин Цамиќ за предност од 0:1. Голот падна после центар шут, Љубомировски беше играчот кој асистираше до Белмин Цамиќ, на кој не му беше тешко од неколку метри да ја смести топката во мрежата во 20.минута од натпреварот. До крајот на првото полувреме, Вардар успеа да го израмни резултатот на 1:1 во 40 минута, со погодок после центар шут од корнер, еден од нивните играчи реализираше за израмнување на резултатот. Домашниот тим имаше уште еден обид, но на нашиот гол, одбрани Димитриевски. На кратка пауза се замина со резултат 1:1.

На самиот старт на вториот дел, екипата на Вардар успеа да поведе со 2:1 во 47 минута, иако во прв момент одбрани Јосифов, на одбиената топна наиде противничкиот играч кој погоди за 2:1. Успеавме бргу да се вратиме во игра, после центар шут на Ахмедов, најснаодлив во противничкиот шеснасетник беше Кристијан Теновски кој со глава успеа да го совлада домашниот чувар на мрежата за резултат 2:2 во 55.минута. Нашиот тим во продолжение од натпреварот остана без двајца играчи, најпрво поради два жолти картони беше исклучен Цамиќ, за пред крајот на натпреварот црвен картон да добие и Васиќ. Тоа Вардар го искористи и до крајот на натпреварот постигна два гола во 65 и 80 минута, за конечни 4:2 на овој натпревар од 1.коло во кадетската Супер Лига.

Во игра влегоа уште Стефановиќ, Иванов, Панов и Блажески.