Минимални порази за пионерите и младинците, на натпреварите против Вардар

Кадетите на Кул останаа без бодови на отварање на сезоната, пораз на натпреварот со Вардар
09/17/2022
Бронзен медал за генерација 2012 на меѓународниот младински турнир во Војводина
09/17/2022

Минимални порази за пионерите и младинците, на натпреварите против Вардар

Нашите пионери и младинци се минимално поразени на натпреварите од 1.младинско коло. Противник ни беше екипата на Вардар, која издвојува минимални победи.

На Цементарница нашите пионери беа поразени со резултат 1:2. Вардар многу бргу успеа да постигне голови и по само 14 минути игра имаше предност од 0:2.Ние во 40 минута со удар од белата точка на Петар Трпевски успеавме да го намалиме резултатот на 1:2. Претходно обид имаше и Бојан Митров, но само крај противничкиот гол.

Во второто полувреме се обидувавме да го загрозиме противникот гол и да го израмниме резултатот. Петар Трпевски се обиде од слободен удар, но одбрани голманот на Вардар, додека гостинската екипа имаше две добри прилики во овој дел од натпреварот, но Даниел Диковски со одлични интервенции ги спречи ударите. Се играше 90 минута од натпреварот, кога пропуштивме голема шанса преку Стојанче Камчев кој не успеа да ја затресе противничката мрежа, после центар шут од левата страна на Љамалари. После овој обид, главниот судија отсвири крај на натпреварот.

Нашиот тренер Сашо Јанев го започна натпреварот со: Даниел Диковски, Јане Цветков, Лео Мутовиќ, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Олег Трифуновски, Фисник Љамалари, Бојан Митров и Лука Наумовски.

Играа уште и Петар Лазовски, Никола Јовановски, Стојанче Камчев, Марко Костовски и Петар Попоски.

Штета за младинците што не успеаа да освојат барем бод од гостувањето на Локомотива. Вардар со гол во 88 минута успеа да постигне гол и да ги освои бодовите. Гледавме цврст, борбен и рамноправен натпревар, кој за жал на крајот го загубивме. Сепак мора да им се честита на нашите играчи кој денес изгинаа на теренот.

 

Стартните 11 на тренерот Стефановски беа: Мартин Цветковски, Виктор Зафироски, Марко Мицевски, Стефан Ѓорѓиев, Јован Митревски (К), Бојан Јанкулоски, Дарио Методиевски, Горјан Манасиевски, Горазд Попов, Мухамедин Фејзула и Филип Стојанов.

Играа и Леонид Миноски, Јордан Петровски и Илче Миланоски.