Кадетите одиграа реми против Македонија ЃП

КУЛ против Македонија Ѓ.П во рамките на 2.коло
09/23/2022
КУЛ минимално совладан од Македонија ЃП на младинската средба
09/24/2022

Кадетите одиграа реми против Македонија ЃП

Кадетите на ФК КУЛ во 2.коло од суперлигата беа домаќини на ФК Македонија Ѓорче Петров 1932, на оваа средба на „Цементарница“  дуелот заврши реми  1-1 (1-0).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Кристијан Теновски, Владимир Стефановиќ, Томислав Богдановски, Осман Фејзула, Мохамед Ахмедов, Борјан Наков, Дамјан Љубомировски, Матеј Цветановски (К), Бојан Нацев и Александар Блажевски.

Во првото полувреме видовме цврста игра на средината на теренот, додека ние успеавме да реализираме од својата прва голема шанса. Се играше акција од десната страна, по која Дамјан Љубомировски го проигра Александар Блажевски кој успеа да ја затресе противничката мрежа и да донесе водство од 1:0. Екипата на Македонија Ѓ.П имаше само два обиди, далеку од сериозни кон нашиот гол, односно во двата обиди Јордан Јосифов беше на своето место. На полувреме резултатот гласеше 1:0 во наша корист.

На почетокот на вториот дел гостинот се закани кон нашиот гол, судијата досуди пенал. По изведувањето на казнениот удар на нашиот гол Јордан Јосифов, одлично одбрани, за жал не ја „расчистивме“ таа топка и ривалот  изедначи на 1-1. Се обидовме и успеавме да оствариме теренска рамнотежа по постигнатиот гол на гостинот. Се заканивме преку Наков Борјан , сепак голманот на гостинот беше побрз и во последен момент  пред нашиот напаѓач. Своја прилика имаше и Нацев Бојан за погодок. Дуелот заврши реми 1-1.