КУЛ минимално совладан од Македонија ЃП на младинската средба

Кадетите одиграа реми против Македонија ЃП
09/24/2022
ЖФК Истатов Кул со убедлива победа на натпреварот против Шкендија од Тетово
09/24/2022

КУЛ минимално совладан од Македонија ЃП на младинската средба

Младинците на ФК КУЛ, денес на стадионот „Цементарница“  ја пречекаа екипата на ФК Македонија ЃП во рамките на 2.коло од Супер лигата. На оваа средба бевме минимално поразени со резултат 1-2 (0-0), сите три гола беа постигнати во вторите 45.минути.

Ние започнавме со следниот состав: Цветковски Мартин, Зафироски Виктор, Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан, Митревски Јован,  Јанкулоски Бојан, Методиевски Дарио,  Манасиевски Горјан,  Попов Горазд,  Дончевски Милан и  Стојанов Филип.

Првиот дел започна со рамноправна игра на двата тима, се играше на средината на теренот. Прва прилика за нас имаше Ѓорѓиев Стефан, кој по нафрлена топка упати удар, одбраната ја исфрли во корнер. Две закани имаа гостите од Ѓорче Петров, на нашиот гол одличен беше Цветковски Мартин. Прилика за гол имаше Методиевски Дарио, неговиот удар не донесе водство. Последна шанса во првите 45.минути за нас имаше капитенот на тимот, Митревски Јован, кој се закани од 20-сетина метра. На одмор заминавме со почетнте 0-0.

Вториот дел започна со блага теренска инцијатива на ривалот, тие се заканија во два наврата, на нашиот гол беше одличен, голманот Цветковски Мартин. Атакувавме на голот на ривалот, постојано бевме на половината на противникот. Тоа резултираше со изедначување, за резултатска симетрија 1-1 стрелаше Манасиевски Горјан, кој налета на една одбиена топка и погоди за реми. Веднаш по тоа повторно одлична одбрана имаше Цветковски Мартин, кој исфрли во корна. Стрелецот на погодокот за нас имаше уште една прилика, одбраната на гостинот ја расчисти опасноста со исфрлување во корнер.  Во самиот финиш гостинот искористи едно невнимание во нашата одбрана и поведе со 1-2, резултат кој се покажа како конечен.