ЖФК Истатов Кул со убедлива победа на натпреварот против Шкендија од Тетово

КУЛ минимално совладан од Македонија ЃП на младинската средба
09/24/2022
Помлади пионери без бодови од гостувањето кај Македонија ЃП
09/25/2022

ЖФК Истатов Кул со убедлива победа на натпреварот против Шкендија од Тетово

Женската екипа на Истатов Кул стигна до првата победа. Денес на Цементарница, на натпревар од 3.коло, избраничките на Кирил Изов беа подобри од екипата на Шкендија од Тетово. Конечниот резултат гласеше 4:1.

Тренерот Изов стартуваше со следните 11-сетмина: Верица Колевска, Севим Илјаз, Симона Меијер, Александра Јовановска, Јована Вучичевиќ, Катерина Петкова, Бојана Петкова, Кристина Петрушевска (К), Сузана Бошковска, Теодора Ѓорѓиевска и Ана Милчевска.

Екипата на Шкендија прва успеа да го отвори резултатот, уште во 4.минута со голот на Хава Мустафа, но тоа беше се што успеаа да сторат на овој натпревар. Нашите девојки доминираа во остатокот од натпреварот и уште на полувреме имаа солидно водство од 3:1. Се играше 13.минута од натпреварот кога со голот на Кристина Петрушевска успеавме да го израмниме резултатот на 1:1, додека во 35 минута Јована Вучичевиќ донесе предност од 2:1. Само две минути подоцна после центар шут од корнер, Ана Милчевска беше играчот кој во 37 минута донесе водство од 3:1. До крајот на првото полувреме имавме уште две изгледни шанси. Капитенот Петрушевска во првиот обид ја погоди стативата, додека во следната акција имаше добра позиција, но одбрани гостинскиот голман, па на полувреме се замина со резултат 3:1.

Доминиравме и во вториот дел од натпреварот, период во кој постигнавме уште еден гол, иако според шансите на крајот победата можеше да биде и далеку поубедлива. После акција од десната страна и центар шут, во противничкиот шеснасетник најприсебна беше Севим Илјаз која во 63 минута го зголеми резултатот на 4:1. Имавме уште неколку шанси до крајот на дуелот, како поизгледни ќе ги споменеме на Петрушева и Бојана Петкова, но резултатот до крајот остана 4:1.