Стартува Регионалната Скопска Лига, во првото коло КУЛ е домаќин на Аеродром

Распоред на натпревари за 4.коло во Детската Лига на ФФМ
09/29/2022
Павловска и Меијер дел од Македонија У19, која ќе настапи на квалификациски турнир за пласман на ЕП
09/30/2022

Стартува Регионалната Скопска Лига, во првото коло КУЛ е домаќин на Аеродром

Својот старт на сезоната ќе го има и Регионалната Скопска лига, во која ќе се натпреваруваат 16 клубови, меѓу нив и Кул.

Во рамките на првото коло кое е закажано за претстојниов викенд, генерациите 2008 и 2009 ќе се сретнат со екипата на Аеродром 2018. Натпреварите се закажани за недела (02.10) на Цементарница во термините од 13:00 и 15:00 часот.

Генерацијата 2008 ја води Горан Тодоровски, додека своето деби во ова натпреварување го има генерацијата 2009 под водство на Марко Арсовски.