Кадетите со реми, младинците без бодови од гостувањето кај Шкупи

Прва победа сезонава за помладите пионери, „падна“ Шкупи на Цементарница
10/01/2022
Прв бод сезонава за пионерите, кои одиграа со нерешен резултат во соочувањето со Шкупи
10/01/2022

Кадетите со реми, младинците без бодови од гостувањето кај Шкупи

Младинската и кадетската екипа на ФК КУЛ, денес во рамки на 3.коло од Супер лигата гостуваше кај тимот на ФК Шкупи.

Кадетите одиграа реми 0-0, на ова гостување кај Шкупи во скопската населба Бутел.

Состав КУЛ: Јосифов Јордан, Теновски Кристијан, Стефановиќ Владимир, Нацев Бојан, Фејзула Осман, Цамиќ Белмин, Наков Борјан, Васиќ Даниел, Љубомировски Дамјан, Цветановски Матеј (К) и Филиповски Стефан

.
Доминиравме во текот на првиот дел, на оваа средба. Прва прилика имавме преку Љубомировски Дамјан, потоа погодивме пречка преку Филиповски Стефан кој доби одлична топка од Цамиќ Белмин. До крајот на првиот дел двата тима имаа по уште една прилика, ние се заканивме преку Наков Борјан, нивната прилика ја сопре нашиот голман Јосифов Јордан, па на одмор заминавме со реми 0-0.

На почетокот на вториот дел се заканивме два пати, преку Цамиќ Белмин и Наков Борјан имавме прилики за погодок. Повторно на нашиот гол одбрана имаше Јосифов Јордан, кој фати еден незгоден шут. До крајот имавме шанса преку Наков Борјан, сепак оваа средбата заврши со почетните 0-0 и освоивме еден бод на ова гостување.
Во игра влегоа: Панов Матеј и Блажески Александар.

Младинците на КУЛ, на ова гостување беа поразени со резултат 4-1. Домаќинот го реши натпреварот уште во првиот дел кога поведе со високи 3-0. Во вториот дел ние успеавме да намалиме на 3-1 преку Јован Митревски, кој стрелаше 58.минута. До крајот домаќинот само ја потврди победата со уште еден погодок.

Состав младинци КУЛ: Цветковски Мартин, Зафироски Виктор, Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан, Митревски Јован (К), Јанкулоски Бојан, Методиевски Дарио, Манасиевски Горјан, Попов Горазд, Фејзула Мухамедин и Стојанов Филип.

Во игра влегоа: Дончевски Милан, Миланоски Илче и Миноски Леонид.