Прв бод сезонава за пионерите, кои одиграа со нерешен резултат во соочувањето со Шкупи

Кадетите со реми, младинците без бодови од гостувањето кај Шкупи
10/01/2022
Генерацијата 2009 без „милост“ против Аеродром, избраниците на Арсовски со висока победа ја стартуваа деби сезоната во Регионалната Скопска Лига
10/02/2022

Прв бод сезонава за пионерите, кои одиграа со нерешен резултат во соочувањето со Шкупи

Пионерите на Кул го освоија првиот бод сезонава, откако денес одиграа со нерешен резултат (1:1) на натпревар од 3.коло против екипата на Шкупи.

Стартувавме со следниве 11-сетмина: Даниел Диковски, Гаврил Петаноски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Фисник Љамалари, Олег Трифуновски, Бојан Митров и Лука Наумовски.

Гледавме цврст и борбен натпревар, на кој не видовме многу шанси за голови, а двете екипи сепак успеаа да постигнат по еден гол. Екипата на Шкупи во 15 минута успеа да го отвори резултатот, после една акција од десната страна и упатен центар шут во нашиот шеснаесетник, највисок со глава беше противничкиот играч, Алими кој му донесе предност на својот тим од 0:1. Ние и покрај негативата се обидувавме да го израмниме резултатот, тоа ни успеа во 38 минута кога Омар Беровиќ го изненади противничкиот голман и со умерен удар по земја од некаде 20.метри да го совлада гостинскиот голман, на кој топката му помина под рацете, за резултат 1:1.

Овој резултат остана актуелен и во вториот дел од натпреварот. Ние имавме обиди преку капитенот Трпевски и Наумовски, додека гостинската екипа се закани во два наврати, но на нашиот гол денес добар беше Даниел Диковски. На крајот конечниот резултат гласеше 1:1.

Ова беше прв освоен бод сезонава за пиоенерите во рамките на лигата. На денешниот натпревар играа уште и Петар Лазовски, Јован Михов, Марко Костовски, Дамјан Спасовски, и Никола Јовановски.