Девет голови во мрежата на Аеродром, генерацијата 2008 имаше победнички старт на новата сезона

Генерацијата 2009 без „милост“ против Аеродром, избраниците на Арсовски со висока победа ја стартуваа деби сезоната во Регионалната Скопска Лига
10/02/2022
Кул освои пет бодови на натпреварите со Шкупи, преглед на резултатите од одиграното 3.коло
10/03/2022

Девет голови во мрежата на Аеродром, генерацијата 2008 имаше победнички старт на новата сезона

Со висока победа стартуваше новата сезона во Регионалната Скопска Лига и за генерацијата 2008. Избраниците на Горан Тодоровски со резултат 9:0 беа подобри од екипата на Аеродром 2018.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Мартин Гоџо, Михаил Алексов, Андреј Николовски (К), Теодор Велковски, Аган Демир, Трајче Талевски, Ведран Арнаудов, Филип Димковски и Трајче Костадинов. 

Самиот резултат говори за случувањата на теренот и за разликата во квалитет на двете екипи. Теодор Велковски во 14 минута ја навести голеадата на овој натпревар за 1:0, а истата ја продолжи Мартин Гоџо кој во 27 минута донесе предност од 2:0, за само две минути подоцна со голот на Трајче Костадинов да имаме предност од 3:0. Резултатот 4:0 на полувреме со својот прв гол го постави Трајче Талевски.

Избраниците на Тодоровски продолжија со офанзивна игра и во вториот дел од натпреварот, што резултираше со нови погодоци во противничката мрежа. На самиот старт на вториот дел, Теодор Велковски го постигна и својот втор гол и зголеми на 5:0, додека втор гол постигна и Трајче Талевски за предност од 6:0. До крајот на натпреварот постигнавме уште три гола, истите беа дело на Трајче Талевски со нови два гола и еден за Ведран Арнаудов за конечни 9:0 на овој натпревар од 1.коло во Регионалната Скопска лига за повозрасни петлиња.

Играа уште и Лука Аврамовски и Леон Ангелески.