Без бодови за пионерските екипи на гостувањето во Струмица

Прва голема победа за младинската екипа, Академија Пандев поразена на Цементарница
10/08/2022
Порази за кадетките и младинките на Истатов Кул, на натпреварите против Тиверија
10/08/2022

Без бодови за пионерските екипи на гостувањето во Струмица

Пионерските екипи беа поразени на денешното гостување кај екипата на Академија Пандев, на натпреварите од 4.коло во Супер Лигата.

Помладите пионери загубија на гостувањето во Струмица со резултат 4:0. Еден ист игра во домашната екипа денес постигна хет-трик, се работи за Беркај Јакуп кој погоди во 20, 72 и 89 минута од натпреварот, додека во листата на стрелци се запиша и Гоце Полизовски во 78 минута.

КУЛ: Христијан Рајчевски, Даниел Николовски, Јане Цветков, Никола Ангеловски, Спасе Здравевски, Михаил Крстевски, Стефан Атанасовски, Газменд Љамалари, Марко Стефановски (К) и Димитриј Карчев.

Играа уште и Марко Ристоски, Лука Тасевски и Петар Сандев. 

Пионерите загубија минимално со резултат 1:0, на полувреме резултатот беше 0:0. Одлучувачкиот момент се случи во 49 минута кога нашата мрежа ја затресе Здравко Перески. Ние имавме свои обиди преку Митров, Имеров и Наумовски, но не успеавме да погодиме на денешниот натпревар.

КУЛ: Даниел Диковски, Гаврил Петаноски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Александар Спасовски, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Фисник Љамалари, Бојан Митров, Стојанче Камчев и Лука Наумовски.

Играа уште и Јован Михов, Никола Јовановски, Марко Костовски, Дамјан Спасовски и Томи Блажевски.