Без победник на кадетското дерби меѓу Кул и Академија Пандев

ФК КУЛ генерација 2009 го „потопи“ Вардар, победа со „петарда“
10/08/2022
ФК КУЛ генерација 2008 без бодови од гостувањето на „Локомотива“
10/08/2022

Без победник на кадетското дерби меѓу Кул и Академија Пандев

Во рамките на 4.коло во Кадетската Супер лига, екипите на Кул и Академија Пандев одиграа без победник (0:0).

Тренерот Стефановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Кристијан Теновски, Владимир Стефановиќ, Осман Фејзула, Белмин Цамиќ, Мохамед Ахмедов, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Бојан Нацев, Матеј Цветановски (К) и Стефан Филиповски.

Во првото полувреме мрежите на двете екипи мируваа. Ние бевме поконкретни имавме прилики преку Борјан Наков и Мохамед Ахмедов, но немаше реализација, додека гостинската екипа од Струмица речиси и да немаше посериозна закана кон нашиот гол. Пред крајот на првиот дел, Академија Пандев остана со играч помалку на теренот, поради црвен картон на еден од нивните играчи.

Нашите кадети имаа доминација и во вториот дел од натпреварот, но сепак на крајот не успеаа да ја искористат бројчаната предност на теренот. Даниел Васиќ имаше два удари кои ги скроти голманот на струмичани. Голема шанса имаше Борјан Наков после центар шут на Цамиќ, нашиот играч биеше од прва, но голманот на Пандев одбрани.

Се редеа шансите пред противничкиот гол, после една акција од десната страна Дамјан Љубомировски сакајќи можеби да центрира, упари директен удар кон голот на гостинската екипа, но повторно се истакна на голот Љупче Џеков, кој спаси негатива за својот тим. Последната голема прилика за отварање на резултатот ја имаше Осман Фејзула, кој после центар шут од Нацев, не успеа од непосредна близина со глава да ја погоди мрежата, топката излезе во гол аут. На крајот натпреварот заврши со почетниот резултат 0:0.

Во игра влезе во нашиот состав Дамјан Љубомировски. 

Нашите кадети денес беа подобар противник на теренот, но сепак не успеаа да дојдат до три бода. За прва победа сепак ќе почекаме во следното коло.