Висок пораз за Истатов Кул на натпреварот од Првата Лига против екипата на Каменица Саса

(Фотогалерија) Младинците подобри од А.Пандев
10/10/2022
Нашиот клуб повторно ќе биде гостин на ФК Партизан, пријателски натпревар со генерацијата 2013
10/13/2022

Висок пораз за Истатов Кул на натпреварот од Првата Лига против екипата на Каменица Саса

Женската сениорска екипа на Истатов Кул е висока поразена во рамките на 4.коло во Првата Лига. Попладнево на Цементарница, нашиот состав беше поразен од екипата на Каменица Саса, убедливо со резултат 1:7.

Уште во 6.минута од натпреварот, гостите од Македонска Каменица успеаа да го отворат резултатот и да поведат со голот на Димитровска. Избраничките на Кирил Изов брзо успеаа да се вратат во натпреварот, се играше 16.минута кога со голот на Кристина Петрушевска го израмнивме резултатот на 1:1. Сепак тука како да застанавме, до крајот на првиот дел му дозволивме на противникот да постигне три гола, преку Андреевска во 29 и 37 минута, и Талевска во 43 минута, за на одмор да замине со предност од 1:3

Одигравме и лошо второ полувреме, во кое Каменица Саса постигна уште три голови во нашата мрежа. Головите беа дело на Димитровска и уште два на Андреевска за конечни 1:7 на овој натпревар од најсилната женска македонска фудбалска лига.

Истатов Кул: Верица Колевска, Севим Илјаз, Александра Јовановска, Јована Вучичевиќ, Радица Чонева (К), Катерина Петкова, Бојана Петкова, Кристина Петрушевска, Сузана Бошковска, Теодора Ѓорѓиевска и Ана Милчевска.

Играа уште и Љубица Асановиќ, Ива Здравеска, Драгана Колевска и Викторија Игњатовска.

Ова беше втор пораз сезонава за Истатов Кул, кој има и исто толку победи. Во рамките на следното коло ќе гостуваме кај екипата на ЖФК Тиверија.