Помладите пионери без бодови од дуелот со Пелистер

КУЛ генерација 2008 убедлив против Партизан Фудбал Кидс, четири гола за Муртиќ
10/15/2022
Пионерите совладани од ФК Пелистер
10/16/2022

Помладите пионери без бодови од дуелот со Пелистер

Помладите пионери на ФК КУЛ, денес на стадионот  „Цементарница“ беа домаќини на ФК Пелистер. На оваа суперлигашка средба до бодови дојде гостинот со победа од 1-2 (1-0).
КУЛ: Рајевски Христијан, Цветков Јане, Трајковски Петар, Ангеловски Никола, Здравевски Спасе, Крстевски Михаил, Атанасовски Стефан, Љамалари Газменд, Стефановски Марко (к), Ангелески Леон и Карчев Димитриј.
Ние започнавме офанзивно имавме прилики преку Љамалари Газменд на самиот почеток и потоа преку Стефановски Марко. Се заканувавме кон голот на гостинот со цел да оствариме резултатска предност, удар од дистанца имаше Атанасовски Стефан. По една нафрлена топка обид за нас со глава впиша Цветков Јане. Офанзивата беше наградена со погодок преку Љамалари Газменд, со неговиот погодок поведовме со 1-0 во 33.минута од натпреварот. Резултат кој подоцна се покажа како конечен за првиот дел на оваа суперлигашка средба за помлади пионери.
Вториот дел не го почнавме најдобро, на самиот почеток зелено-белите успеаа да дојдат до резултатска симетрија. Тие стрелаа за 1-1 на самиот почеток на овој период, поточно во 51.минута. Ние тргнавме офанзивно и имавме прилика за погодок преку Љамалари Газменд, чиј удар го одбрани гостинскиот голман. Битолчани се заканија на нашиот гол одбрани удар Рајевски Христијан. По една наша грешка во одбраната, битолчани поведоа со 1-2 на дуелот. Овој погодок се покажа како клучен на овој натпревар на кој ривалот дојде до бодови.
Во нашиот тим  во играа уште  во вториот дел влезе Тасевски Лука.