Пионерите совладани од ФК Пелистер

Помладите пионери без бодови од дуелот со Пелистер
10/16/2022
(Фотогалерија) Помладите „петлиња“ подобри од екипата на Партизан Фудбал Кидс
10/17/2022

Пионерите совладани од ФК Пелистер

Пионерите на КУЛ , денес беа домаќини на Пелистер од Битола, на оваа средба гостинот дојде до победа со резултат 0-2 (0-0)

КУЛ: Диковски Даниел,  Михов Јован,  Петаноски Стојанов Гаврил,  Трпевски Петар (К), Стојановски Матеј,  Спасовски Александар,  Имеров Илхан,  Беровиќ Омар, Љамалари Фисник,  Митров Бојани и Наумовски Лука.

Овој пионерски дуел изобилуваше со цврста  игра на двата тима, двете пионерски екипи одиграа борбен натппревар. Први ние имавме прилика со удар од дистанца се закани Љамалари Фисник. Имаа гостите од Битола неколку удари од дистанца, на нашиот гол сигурен беше „чуварот на мрежата“ Диковски Даниел. До крајот на првиот дел имавме две прилики да поведеме, најпрвин преку Наумовски Лука, потоа се закани кон голот на gостинот и Имеров Илхан. На пауза се замина со почетните 0-0, двата тима прикажаа борбена игра со голем број на дуели, сепак првиот период заврши без погодок во мрежите на двата пионерски суперлигашки состави.

Двата тима имаа по една прилика на почетокот на вториот дел за нас се закани Стојановски Матеј, ударот на гостинскиот напаѓач го сопре Диковски Даниел на нашиот гол. По една контра ривалот успеа брзо да се трансформира и да поведе со 0-1. Потоа ние ја преземавме инцијативата, имавме неколку напади кои не ги завршивме со удар. Со глава се заканивме преку Беровиќ Омар чиј удар мина над гредата на гостите од Битола. До крајот бевме совладани уште еднаш за конечните 0-2.

Играа уште: Јовановски Никола, Камчев Стојанче, Костовски Марко, Спасовски Дамјан и  Блажевски Томи.