Кадетите на КУЛ одиграа реми со ФК Победа

Ново коло во Детската Лига на ФФМ, распоред на натпревари
10/20/2022
Храбра игра на младинците и триумф против ФК Победа, голот на Попов вреден три бода
10/22/2022

Кадетите на КУЛ одиграа реми со ФК Победа

Денес на „Цементарница“ , кадетската екипа на КУЛ беше домаќин на ФК Победа. Момците на Стефановски- Гаге на оваа средба одиграа реми 1-1 (1-0).


КУЛ: Димитриевски Давид, Теновски Кристијан, Стефановиќ Владимир (К), Фејзула Осман, Цамиќ Белмин, Ахмедов Мохамед , Наков Борјан, Васиќ Даниел, Нацев Бојан, Спасовски Александар и Филиповски Стефан.

Тргнавме офанзивно, на самиот почеток на дуелот преземавме инцијатива и тоа вроди со плод, постигнавме ран погодок. Веќе во 2.минута Фејзула Осман успеа да погоди за наша предност од 1-0.

Одлично влеговме во првиот дел на резултатски план. Имавме прилика некаде на средината на првиот дел преку Филиповски Стефан кој стрелаше од дистанца крај голот на гостинот. Прилепчани имаа неколку закани, но на нашиот гол одлично бранеше Димитриевски Давид. Нападнавме во последната третина од полувремето со цел да ја удвоиме предноста. Прва голема шанса имаше Ахмедов Мохамед чиј удар од дистанца не донесе погодок. Последна прилика во првите 45.минути имавме од слободен удар од 20-сетина метра преку Цамиќ Белмин. Сепак на одмор заминавме со минимална предност.


Вториот дел го започнавме со офанзивна игра, најпрвин со глава се закани Теновски Кристијан, потоа од дистанца упати удар Нацев Бојан. Имавме повеќе од поседот на оваа средба во вториот дел, ние бевме тимот кој диктира темпо. Од 20.метра удар опасен кон голот на прилепчани упати Цамиќ Белмин, неговиот шут мина крај голот. Најголемата шанса ја имавме во 81.минута кога пречката ја „здрма“ со силен удар Васиќ Даниел. Гостинoт искористи едно мало невнинамие во нашата одбрана и во последните минути погоди за реми 1-1

.
Играа уште: Диковски Даниел, Стојановски Матеј, Панов Матеј и Трпевски Петар.