Пионерите без бодови од дуелот со Победа

Со неверојатен пресврт и три гола во 5.минути, помладите пионери ја совладаа Победа во Прилеп
10/23/2022
Успешно коло во Супер Лигата за нашиот клуб, освоени повеќе бодови во соочувањето со Победа
10/24/2022

Пионерите без бодови од дуелот со Победа

Пионери на КУЛ, денес гостуваа кај тимот на ФК Победа во Прилеп на дуел од 6.коло во Супер лигата.  Домашниот тим дојде до три бода, единствени против нас во ова викенд соочувања, ние на 4.натпревари против Победа викендов остваривме две победи и одигравме едно реми. На пионерската средба тие не совладаа со 3-0.

КУЛ: Диковски Даниел, Лазовски Петар,  Трпевски Петар, Стојановски Мате,  Спасовски Александар,  Имеров Илхан,  Беровиќ Омар,  Јовановски Никола,  Спасовски Дамјан, Камчев Стојанче и  Наумовски Лука.

На почетокот на дуелот домаќинот успеа да отвори со гол, победа поведе со 1-0 во 6.минута од оваа суперлигашка средба.   Ние се обидовме да дојдеме до резултатска симетрија, напаѓавме и прва прилика за изедначување имаше и ја пропушти Јовановски Никола. До крајот на првиот дел имавме уште една шанса за одбележување, не успеавме да изедначиме преку Беровиќ Омар, па на одмор заминавме со гол негатива.

Вториот дел го игравме речеси цел без игра во поле поради црвен картон во нашите редови.  Прилики имавме во овој период исто така, најпрвин се закани нашиот капитен Трпевски Петар, потоа имавме шанса и преку  Беровиќ Омар. Домаќинот ја искористи бројчаната предност и со два гола зголеми на 3-0 до 79.минута, резултат кој подоцна се покажа како конечен на овој натпревар.

Играа уште: Блажевски Томи, Костовски Марко  и  Попоски Петар.