Со неверојатен пресврт и три гола во 5.минути, помладите пионери ја совладаа Победа во Прилеп

КУЛ генерација 2008 и Шкендија одиграа 0:0
10/22/2022
Пионерите без бодови од дуелот со Победа
10/23/2022

Со неверојатен пресврт и три гола во 5.минути, помладите пионери ја совладаа Победа во Прилеп

Помладите пионери на КУЛ, денес гостуваа кај тимот на ФК Победа во Прилеп на дуел од 6.коло во Супер лигата. Со неверојатен пресврт во последните минути дојдовме до победа, бевме во негатива 1-0 и со три погодока победивме со 1-3.

КУЛ: Рајевски Христијан, Крстевски Михаил, Цветков Јане, Петаноски Стојанов Гаврил, Ангеловски Никола , Љамалари Фисник, Митров Бојан, Атанасовски Стефан, Љамалари Газменд, Стефановски Марко и Карчев Димитриј.

Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0, двата тима имаа прилики но мрежата на нашиот голман, Рајевски Христијан и домашниот „чувар на мрежата“ останаа мирни по првиот дел. На одмор се замина со почетниот резултат. Погодоците беа „резервирани“ за вториот период на овој суперлигашки натпревар за помладите пионери на Кул и прилепчани.

Во вториот дел видовме дури четири гола, за наша среќа три во мрежата на домашниот тим. Најпрвин во 66.минута екипата на Победа поведе со 0-1 и најави дека ќе атакува на трите бода. Сепак нашиот тим немаше намера да се предаде и тргна во тотална офанзива. Направивме неверојатен подвиг за 5.минути погодивме дури три пати и покажавме квалитет, а пред се карактер. Во 83.минута погоди Љамалари Фисник за реми 1-1, на оваа средба. Веќе во 86.минута правиме целосен пресврт, со голот на Ангелески Леон поведовме со 1-2. Игравме одлично не сакавме да му дадеме прилика на домаќинот да се врати и да ни изедначи, Стефановски Марко во 88,минута стрелаше за 1-3 со што ни донесе важни три бода.

Играа уште: Ангелески Леон , Николовски Даниел, Северов Лука и Здравевски Спасе.