Ангел Цветевски одбрани удар од белата точка, генерациите 2008 на Кул и Шкупи одиграа без голови

Четврта победа во Регионалната Скопска Лига за генерација 2009, избраниците на Арсовски немаа проблеми на натпреварот со Шкупи
11/05/2022
ЖФК Истатов Кул убедлив против тимот на Кочани
11/05/2022

Ангел Цветевски одбрани удар од белата точка, генерациите 2008 на Кул и Шкупи одиграа без голови

Генерациите 2008 на Кул и Шкупи одиграа без голови (0:0), на натпревар од 6.коло во Регионалната Скопска Лига. Денес на Цементарница, натпревар кој заврши без победник одиграа овие две екипи.

Тренерот Тодоровски започна со следниве 11-сетмина: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Мартин Гоџо, Михаил Алексов, Андреј Николовски (К), Теодор Велковски, Трајче Талевски, Леон Ангелски, Ведран Арнаудов, Филип Димковски и Тарик Муртиќ.

Првиот директен удар на натпреварот го имаше гостинската екипа, сепак немаше поголема опасност кон нашиот гол. Како посериозна шанса во првиот дел за нашиот тим ќе ја издвоиме онаа на Трајче Талевски, кој биеше после центар шут од Велковски, сепак одбрани гостинскиот голман. Обид во овој дел од натпреварот имаше и Леон Ангелски, како и уште еден удар на Талевски кој заврши за малку над голот.

Поконкретни бевме и во вториот дел од натпреварот, но сепак на крајот можеме да бидеме среќни што не загубивме со оглед дека во последните минути од натпреварот, нашиот голман Ангел Цветевски успеа да одбрани удар од белата точчка. Кул во овој дел од натпреварот имаше шанса преку Муртиќ, погодивме исто така и статива, за во последните минути гостинот да дојде до прилика да поведе, сепак со одлична интервенција Цветевски не дозволи да бидеме поразени. На крај конечниот резултат на натпреварот гласеше 0:0

Играа уште и Лука Аврамовски и Андреј Кузманов.