Четврта победа во Регионалната Скопска Лига за генерација 2009, избраниците на Арсовски немаа проблеми на натпреварот со Шкупи

Во 10.коло од Детската лига , КУЛ го очекуваат 10 натпревари
11/04/2022
Ангел Цветевски одбрани удар од белата точка, генерациите 2008 на Кул и Шкупи одиграа без голови
11/05/2022

Четврта победа во Регионалната Скопска Лига за генерација 2009, избраниците на Арсовски немаа проблеми на натпреварот со Шкупи

Генерацијата 2009 стигна до нова победа во рамките на Регионалната Скопска Лига. Денес на Цементарница на натпревар од 6.коло, нашите млади надежи беа подобри од екипата на Шкупи. Конечниот резултат гласеше 5:0.

Натпреварот го започнавме со следниве 11-сетмина: Божидар Георгиевски, Матеј Ивановски (К), Матеј Фидановски, Андреј Илиевски, Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Јован Гиевски, Марко Стојаноски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски и Јорго Цаца. 

Избраниците на Марко Арсовски тргнаа офанзивно уште од стартот на натпреварот кој донесе резултат. Речиси ги искористивме сите шанси и по првиот дел имавме висока предност од 3:0. Резултатот за 1:0 го отвори Јован Гиевски во 18 минута, кој беше најприсебен во противничкиот шеснаесетник, после центар шут од прекин на Матеј Ивановски. Не помина многу време од првиот гол, односно во 21.минута веќе имавме предност од 2:0. Теодор Љубомировски од својата половина даде пас топка до Јорго Цаца, кој беше побрз од противничкиот играч, успеа да го издржи дуелот и да го лобува голманот на Шкупи, за зголемување на резултатот.

Противникот немаше ниту една сериозна прилика кон нашиот гол во првото полувреме. Во 34.минута нашиот тим веќе имаше предност од 3:0, со вториот гол на Јован Гиевски кој ја затресе противничката мрежа после една наша добра акција. На полувреме се замина со наша солидна предност од три гола разлика.

Одигравме рутински и во вториот дел од натпреварот, на кој успеавме да постигнеме уште два гола и на крајот да забележиме висока победа. Во овој дел од напреварот тренерот Арсовски им даде шанса за игра и на Стефан Адамчески, Мартин Митановски, Горазд Ѓуроски, Иван Смилевски, Марио Николовски, Леон Андовски и Марко Матларовски. Екипата на Шкупи во вториот дел имаше два удари кон нашиот гол, но ништо опасно за почесен гол.

Токму нововлезените играчи во нашите редови учествуваа во создавањето на нови шанси и голови. После една акција, Гиевски во противничкиот шеснаесетник додаде до Иван Смилевски кој успеа да се запише во листата на стрелци и да донесе предност од 4:0. Конечните 5:0 на натпреварот ги постави капитенот Матеј Ивановски, кој после одлично проигрување од Матларовски успеа да ја погоди мрежата на гостинскиот тим и да го постави конечниот резултат.

Уште еден добар натпревар за помладите петлиња на Кул кои стигнаа до нов триумф, вкупно четврти сезонава за оваа наша генерација.