ЖФК Истатов Кул убедлив против тимот на Кочани

Ангел Цветевски одбрани удар од белата точка, генерациите 2008 на Кул и Шкупи одиграа без голови
11/05/2022
Бод за кадетите, младинците поразени на гостувањето кај екипата на Брегалница
11/05/2022

ЖФК Истатов Кул убедлив против тимот на Кочани

Денес, на стадионот „Цементарница“, ЖФК Истатов КУЛ беше домаќин на ЖФК Кочани, девојките на Кирил Изов на оваа средба дојдоа до убедлива победа со резултат 3-0 (2-0).

КУЛ: Крстеска Елена, Илјаз Севим , Петкова Катерина, Јовановска Александра , Асановиќ Љубица, Вучичевич Јована , Чонева Радица (к), Јаневска Драгана, Петкова Бојана, Петрушевска Кристина и Милчевска Ана.

Видовме три погодока на оваа средба во мрежата на тимот од Кочани, два погодока нашите девојки дадоа во првите 45.минути, а еден во вториот период на овој дуел од првата женска лига. Доминиравме на теренот со поседот, играта и тоа се преточи на резултатски план.

Поведовме со 1-0 во 13.минута, преку Петкова Катерина со чиј погодок ја отворивме средбата. Атакувавме на удвојување на предноста и осигурување на водството. Се играше 21.минута кога успеавме да поведеме со 2-0, за нашата екипа стрелаше, Јовановска Александра. Оваа предност ја зачувавме до крајот на првиот дел. На одмор заминавме со 2-0. Во вториот период успеавме да ја потврдиме победата на оваа средба, со погодокот на Чонева Радица во 74.минута зголемивме на 3-0, резултат кој подоцна се покажа како конечен.

Во игра во 59.минута кај нас беа уфрлени две девојки, станува збор за, Здравеска Ива и Колевска Драгана.

Следниот викенд следи гостување кај актуелниот шампионот, екипата на ЖФК  Љуботен во Тетово