Кадетите со пресврт и убедлива победа го минаа Работнички во Купот на РМ

(ТАБЕЛИ) Генерацијата 2009 блиску до врвот, генерацијата 2008 позиционирана на 6.место
11/08/2022
Младинците го завршија настапот во 1/8-финалето од Купот
11/09/2022

Кадетите со пресврт и убедлива победа го минаа Работнички во Купот на РМ

Кадетите на КУЛ, денес во 1/8-финалето од Купот на Република Македонија гостуваа кај тимот на Работнички. Момците на КУЛ дојда до пласман во следната 1/4-финална рунда со пресврт. Победата беше остварена со убедлив резултат 1:4 (1:2)

КУЛ: Димитриевски Давид, Теновски Кристијан ,  Стефановиќ Владимир,  Фејзула Осман, Нацев Бојан, Цамиќ Белмин, Ахмедов Мохамед, Наков Борјан, Васиќ Даниел, Цветановски Матеј (К) и  Филиповски Стефан.

Домаќинот на оваа средба отвори подобро од нас на планот на реализација, тие по 14.минути веќе имаа предност од 1-0. Сепак нашите кадети не се предадоа и веќе во 18.минута преку Стефановиќ Владимир  изедначија на 1-1. Нашиот играч по нафрлена топка од корнер со глава биеше неодбранливо.  Тргнавме по целосен пресврт на оваа средба, преку Цамиќ Белмин   кој доби прекрасна асистенција од Наков Борјан во 37.минута направивме пресврт на резултatот и поведовме со 1-2. Успеавме до крајот на полувремето да ја задржиме предноста и на одмор отидовме со гол позитива.

На почетокот на вториот дел се одлучивме да играме офанзивно и да не ја браниме предноста, напротив да атакуваме да ја удвоиме истата. По 10.минути фудбал во вториот дел на овој кадетски Куп натпрвар, во 55.минута Наков Борјан  излезе „очи во очи“ со голманот на домаќинот, стрелаше и донесе два гола позитива погодувајќи за 1-3. Печат на победата која ни донесе пласман во 1/4-финалето од ова натпреварување со својот втор гол денес на 5.минути пред крајот стави Цамиќ Белмин, кој по направен пенал над Наков Борјан беше непогрешлив, и со неговиот  погодок беа поставени конечните 1-4.

Играше уште и Мијаков Благој.