Младинците го завршија настапот во 1/8-финалето од Купот

Кадетите со пресврт и убедлива победа го минаа Работнички во Купот на РМ
11/09/2022
Помладите пионери го елиминираа Работнички, пионерите ги завршија настапите во Купот
11/09/2022

Младинците го завршија настапот во 1/8-финалето од Купот

Младинците на ФК КУЛ, денес како гости одиграа натпревар од 1/8-финалето во Купот на Македонија кај тимот на Работнички. На ова средба домаќинот дојде до победа и пласман во следната фаза со резултат 3-1 (2-0).

 

КУЛ: Јосифов Јордан, Зафироски Виктор, Мицевски ,  Ѓорѓиев Стефан, Блажески Александар ,  Методиевски Дарио, Манасиевски Горјан,  Стојанов Филип, Фејзула Мухамедин, Љубомировски Дамјан и  Дончевски Милан.

Играчите на домаќинот успеаа во 15.минута да поведат со 1-0, ние се обидовме да анулираме, но неуспеавме. Во 31.минута Работнички поведе со 2-0, резултат со кој се замина на одмор на оваа средба Во првиот дел ние имавме прилика преку Љубомировски Дамјан, а треба да се напоменат и двете одбрани на Јосифов Јордан.

На почетокот на вториот дел атакуавме на преполовување на негативата на куп дуелот. Веќе по само две минути во 47.минута успеавме во таа намера. Со погодокот на Мицевски Марко дојдовме до 2-1, тој доби одлична асистенција од Зафироски Виктор. Сепак до крајот домаќинот успеа уште еднаш да ја затресе нашата мрежа  и со конечни 3-1 обезбеди место во ¼-финалето од ова натпреварување.

Играа уште и Миноски Леонид, Миланоски Илче и  Петровски Јордан.