Помладите пионери го елиминираа Работнички, пионерите ги завршија настапите во Купот

Младинците го завршија настапот во 1/8-финалето од Купот
11/09/2022
Последно есенско коло во Детската Лига, нашиот клуб ќе одигра натпревари со генерациите 2014 и 2015
11/10/2022

Помладите пионери го елиминираа Работнички, пионерите ги завршија настапите во Купот

Пионерските екипи денес на Цементарница беа домаќини на Работнички, на 1/8 финалните натпревари од Купот на Македонија.

Помладите пионери успеаа да се пласираат во следната рунда од националниот Куп, откако денес беа подобри на теренот од екипата на Работнички, која ја совладаа со резултат 2:0.

Состав: Рајевски Христијан, Цветков Јане, Петаноски Стојанов Гаврил, Ангеловски Никола, Љамалари Фисник (К) , Митров Бојан , Атанасовски Стефан, Љамалари Газменд, Стефановски Марко, Карчев Димитриј, Здравевски Спасе

Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0, двата тима не успеаа да погодат во мрежата на гостинскиот голман и нашиот „чувар на мрежата“Рајевски Христијан. Па на одмор на овој Куп натпревар се замина без голови.

Ние тргнавме офанзивно на почетокот на вториот дел, се играше 57.минута кога преку Митров Бојан успеавме да отвориме и да поведеме со 1-0. Атакувавме на удвојување на предноста со цел пласман во следната, четвртфинална фаза од Купот за помлади пионери. Во 82.минута
Љамалари Фисник стрелаше за 2-0 резултат кој ни донесе победа и пласман во осумте најдобри екипи во ова натпреварување.

Играа уште: Крстевски Михаил, Николовски Даниел и Ангелески Леон.

Пионерите го загубија 1/8 финалниот натпревар од екипата на Работнички, иако први успеавме да го отвориме резултатот, сепак на крајот бевме поразени со резултат 1:3.

Состав: Диковски Даниел, Спасовски Александар, Трајковски Петар, Трпевски Петар (K), Стојановски Матеј, Имеров Илхан, Беровиќ Омар, Наумовски Лука, Јовановски Никола, Спасовски Дамјан, Камчев Стојанче.

Добро започна натпреварот за нас, со оглед дека после 6.минути игра успеавме да го отвориме резултатот со голот на Омар Беровиќ за водство од 1:0. Гледавме натпревар со шанси на двете страни, а противникот успеа да реализира во 35 минута со голот на Генц Кќику за израмнување на 1:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во вториот дел, Работнички направи резултатски пресврт, откако со вториот гол на Кќику поведе и со 1:2, додека конечните 1:3 на овој единствен осмина-финален натпревар од Купот ги постави Мустафа во судиското надополнување.

Играа уште и Лазовски Петар и Блажевски Томи.