Нови три бода за помладите пионери, КУЛ го победи Охрид Лихнидос

КУЛ-Охрид Лихнидос, во 8.коло на Супер Лигата
11/11/2022
Втора последователна победа за пионерите, три бода на натпреварот со Охрид
11/12/2022

Нови три бода за помладите пионери, КУЛ го победи Охрид Лихнидос

Нашите помлади пионери стигнаа до нова победа во рамките на помладата пионерска Супер Лига. Денес на Цементарница нашите млади надежи беа подобри од екипата на Охрид Лихнидос со резултат 3:0.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Никола Ангеловски, Гаврил Петаноски, Димитриј Карчев, Леон Ангелески, Газменд Љамалари, Фисник Љамалари (К), Марко Стефановски и Спасе Здравески.

Во првото полувреме видовме шанси на двете страни, но сепак мрежите по првите 45 минути мируваа. Ние први се заканивме преку Фисник Љамалари кој доби топка од Ангелески, сепак голманот на Охрид не дозволи рана негатива за својот тим. Екипата на Охрид Лихнидос имаше голема прилика за отварање на резултатот, откако после прекин беше нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, еден од играчите на гостинскиот тим од непосредна близина со глава не успева да ја погоди нашата мрежа. Фисник Љамалари се најде во нова прилика, откако после центар шут од левата страна на Цветков, топката најпрво дојде до Здравески, кој асистираше до Љамари, кој биеше над голот. Последната шанса во првото полувреме повторно ја имаше Љамалари, кој во шеснаесетникот биеше, но одбрани голманот на Охрид со крајни напори. На полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

Избраниците на Тодоровски тргнаа фуриозно во вториот дел со цел да го отворат резултатот и да ги освојат бодовите. Газменд Љамалари за малку да постигнеше гол, откако од прекин биеше од преку 30.метри, но немаше среќа и ја погоди само пречката од голот на охридскиот тим. Во следната акција, во 53 минута сепак успеавме да го отвориме резултатот со голот на Газменд Љамалари, кој успева да ја затресе противничката мрежа, откако му асистираше Здравески од десната страна. Успеавме да го зголемиме резултатот набрзо и на 2:0 во 56 минута, повторно иста акција, во која сега како асистент се најде Фисник, а Газменд Љамалари повторно стрелец за солидна предност од два гоа разлика. Имавме контрола на играта, а нашите момци успеаа да постигнат уште еден гол преку Леон Ангелески и да ги постават конечните 3:0 на овој натпревар во помладата Пионерска Супер лига.

Играа уште и Даниел Николовски, Виктор Ангеловски, Лука Тасевски и Ангел Шавгановски.