Втора последователна победа за пионерите, три бода на натпреварот со Охрид

Нови три бода за помладите пионери, КУЛ го победи Охрид Лихнидос
11/12/2022
Младинките без бодови од дуелот со Каменица Саса
11/13/2022

Втора последователна победа за пионерите, три бода на натпреварот со Охрид

Втора последователна победа за нашите пионери кои денес на Цементарница убедливо го поразија тимот на Охрид Лихнидос. Конечниот резултат гласеше 4:0 (2:0).

Стартниот состав на нашиот тим: Даниел Диковски, Дамјан Спасовски, Матеј Стојановски, Петар Трајковски, Александар Спасовски, Петар Трпевски (К), Бојан Митров, Лука Наумовски, Стефан Атанасовски, Стојанче Камчев и Никола Јовановски.

Нашиот тим одигра добро прво полувреме и на одмор замина со предност од два гола разлика. Бевме подобар противник на теренот и сосема заслужено бевме во предност. После една акција, Митров асистираше до Стефан Атанасовски кој со прецизен удар по земја успеа да ја затресе противничката мрежа во 17.минута и да го отвори резултатот на 1:0. Набрзина успеавме да го зголемиме резултатот и на 2:0 во 21. минута со голот на Никола Јовановски, кој погоди на асистенција од Атанасовски.

Имавме иницијатива и контрола на играта и во вториот дел од натпреварот, во кој успеавме да постигнеме уште два гола во противничката мрежа. Се играше 75 минута кога Стојанче Камчев со прецизен удар по земја успеа да го матира голманот на Охрид за предност од 3:0, додека истиов играч на пет минути пред крајот на натпреварот стави „печат“ на победата, која беше остварена со резултат 4:0.

Пионерите се наоѓаат во победнички ритам, откако успеаа и втор натпревар по ред да стигнат до цел плен.

Играа уште и Петар Лазовски, Матеј Алексов и Петар Сандев.