Кадетите со убедлива победа, младинците без бодови од Охрид

Младинките без бодови од дуелот со Каменица Саса
11/13/2022
(Фотогалерија) Четврта сезонска победа за помладите пионери
11/15/2022

Кадетите со убедлива победа, младинците без бодови од Охрид

Денес, во рамките на 8.коло, кадетите и младинците на ФК КУЛ гостуваа кај тимот на ГФК Охрид Лихнидос во истоимениот град. Кадетите стигнаа до убедлива победа, додека младинците беа минимално поразени со гол во последната минута од натпреварот.

Кадетите не пропуштија ништо на случајноста и славеа висока победа со резултат 0-5 (0-2).

КУЛ: Димитриевски Давид, Теновски Кристијан, Стефановиќ Владимир, Фејзула Осман ,  Цамиќ Белмин , Ахмедов Мохамед, Наков Борјан,  Васиќ Даниел, Цветановски Матеј,  Филиповски Стефан и  Блажески Александар.

Доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра, напаѓавме и атакувавме на погодок. Прв за нас погоди,  Васиќ Даниел кој доби одлична асистенција од Наков и со лизгачки старт погоди во мрежата на домаќинот за 0-1. Ние и  по голот атакувавме да ја удвоиме предноста, имавме повеќе од играта во поле. Успеавме до крајот на првите 45.минути да ја удвоиме нашата разлика во погодоци, па на одмор заминавме со 0-2. Одлично асистираше Цветановски Матеј до Наков Борјан кој мина еден на еден и погоди за зголемување на резултатот.

Започнавме фуриозно и во вториот дел, Наков Борјан  асистираше до  Цамиќ Белмин кој стрелаше под гредата за 0-3. Со неговиот втор гол денес Белмин донесе и високи 0-4, по една одбиена топка. Имавме прилики за погодоци преку Васиќ, Цветановски и Блажевски во вториот дел кои не донесоа погодок. Ние бевме многу подобар противник, победата дојде со 0-5. Последниот погодок за нас повторно беше по асистенција на Наков, тој го погоди во нога нововлезениот Мијаков Благој кој стрелаше за конечните 0-5.

Младинците  на КУЛ беа поразени со 1-0 на денешното гостување кај истиот ривал,  на полувремето заминавме со почетниот резултат 0-0. Домаќинот успеа да дојде до три гола со гол во последната, 90.минута.

КУЛ: Јосифов Јордан,  Зафироски Виктор,  Мицевски Марко ,  Ѓорѓиев Стефан,  Петровски Јордан, Методиевски Дарио,  Манасиевски Горјан,  Попов Горазд,  Фејзула Мухамедин, Миноски Леонид и  Стојанов Филип.

Играше уште и Љубомировски Дамјан.