Генерациите 2008 и 2009 во сабота ќе се надигруваат со екипата на Форца

(ТАБЕЛИ) Помладите пионери се нашата најдобра пласирана екипа
11/16/2022
Истатов Кул славеше со резултатски пресврт, избраничките на Изов подобри од екипата на Речица
11/19/2022

Генерациите 2008 и 2009 во сабота ќе се надигруваат со екипата на Форца

Во рамките на 8.коло во Регионалната Скопска Лига, „петлињата“ на Кул на Цементарница се домаќини на екипата на Форца.

Натпреварите ќе се одиграат во сабота (19.11) со почеток од 12:00 и 13:30 часот.

Кај генерацијата 2008, екипата на Форца се наоѓа на второто место со 15 бодови, додека нашиот тим има 8 бодови, но и два натпревари помалку од противникот.

Генерацијата 2009 на Кул на пет одиграни натпревари има 13 бодови и се наоѓа на 3.место на табелата, додека Форца има седум натпревари и освои 10 бодови.