Со голови во вториот дел, генерацијата 2008 излезе како победник на дуелот со Форца

Продолжува победничката серија за генерација 2009, висок триумф на натпреварот против Форца
11/19/2022
(Фотогалерија) Висок триумф за помладите „петлиња“ против Форца
11/20/2022

Со голови во вториот дел, генерацијата 2008 излезе како победник на дуелот со Форца

На натпревар од 8.коло во Регионалната Скопска Лига, генерацијата 2008 на Цементарница успеа да излезе како победник на натпреварот со екипата на Форца. Нашите млади надежи до триумф стигнаа со голови во вториот дел од натпреварот, конечниот резултат гласеше 2:1 (0:0).

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Мартин Гоџо, Михаил Алексов, Андреј Николовски (K), Теодор Велковски, Трајче Талевски, Леон Ангелески, Ведран Арнаудов, Филип Димковски и Тарик Муртиќ.

Во првото полувреме не видовме некоја поголема шанса кон двата гола, се играше по средината на теренот и на кратка пауза се замина со почетниот резултат 0:0. Најголемата прилика ја имавме ние, кога од слободен удар откосо од десната страна биеше Ведран Арнаудов, навистина одличен удар на нашиот играч кој заврши во стативата од противничкиот гол. Гостинскиот тим исто така имаше два удари кон нашиот гол кои ди одбрани Цветевски, додека кај нас во првиот дел се закани и Талевски, но по првите 40 минути немаше промена на резултатот.

Одигравме многу подобро во второто полувреме и тоа даде резултат. Тарик Муртиќ беше играчот кој само после четири минути игра во вториот дел успеа да постигне гол и да донесе предност од 1:0. После една мешаница во противничкиот шеснаесетник најприсебен беше Муртиќ кој успеа да го совлада гостинскиот голман.

Брзо успеавме да постигнеме и втор гол, ремек дело на Теодор Велковски кој успеа со силен и прецизен удар под пречката да го матира голманот на Форца за водство од 2:0. До крајот на натпреварот противникот успеа да постигне почесен гол и само да го намали резултатот на 2:1, кој беше конечен на натпреварот.

Играше уште и Лука Аврамовски.