Продолжува победничката серија за генерација 2009, висок триумф на натпреварот против Форца

Истатов Кул славеше со резултатски пресврт, избраничките на Изов подобри од екипата на Речица
11/19/2022
Со голови во вториот дел, генерацијата 2008 излезе како победник на дуелот со Форца
11/19/2022

Продолжува победничката серија за генерација 2009, висок триумф на натпреварот против Форца

Генерацијата 2009 ја продолжи победничката серија во Регионалната Скопска Лига, откако денес славеше на домашен терен на натпревар против екипата на Форца. Нашите млади надежии стигнаа до висок триумф со резултат 4:0 (2:0).

Нашиот тренер стартуваше со следниве 11-сетмина: Младен Крстевски, Андреј Илиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски, Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Марко Стојаноски, Јован Гиевски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски и Јорго Цаца.

Нашите млади надежи покажаа повеќе од противникот во првиот дел и сосема заслужено на полувреме имаа предност од 2:0. После една дефанзивна грешка на противникот, Кирил Стојановски беше играчот кој прв имаше можност да го отвори резултатот, но сепак одбрани голманот на Форца и спаси рана негатива за својата екипа. Имавме константен притисок на противничката половина, обид имаше Дукоски кој биеше од 18.метри, но одбрани противничкиот чувар на мрежата со крајни напори, додека после центар шут од корнер на Гиевски, се создаде прилика за Љубомировски кој биеше само над голот.

Пред да го отвориме резултатот обид од прекин имаше Матеј Ивановски, но повторно голманот на Форца интервенираше. Конечно, успеавме да го отвориме резултатот, после едно недоразбирање на противнички играч со својот голман, Јорго Цаца беше најприсебен, успеа да ја затресе противничката мрежа и да донесе водство од 1:0. До крајот на првиот дел успеавме да го зголемиме резултатот на 2:0 со голот на Јован Гиевски кој погоди од белата точка, откако истиов играч беше фаулиран претходно во шеснаесетникот на Форца. На полувреме се замина со предност од два гола за нашата екипа.

Бевме подобри на теренот и во второто полувреме, период во кој успеавме да постигнеме уште два нови гола во мрежата на гостите. Марко Стојаноски и Кирил Стојановски беа играчите кои упатија директен удар кон голот на Форца, но остана предноста од два гола. Капитенот Матеј Ивановски беше следниот играч кој успеа да се запише во листата на стрелци, со прецизен удар во шеснаесетникот, го совлада голманот за предност од 3:0, додека со вториот гол на Јован Гиевски, повторно со удар од белата точка зголемивме на 4:0.

Имавме контрола на играта, едноставно ниту во еден момент не беше доведена во прашање нашата победа. До крајот на натпреварот шанса имаше и Филип Дукоски, кога со силен удар ја погоди пречката од голот на Форца. Нашиот голман, Младен Крстевски, денес немаше многу работа на овој натпревар, нашите помлади петлиња стигнаа до убедлива победа.

Играа уште Адамчевски, Смилевски, Фидановски, Ѓуроски, Антоновски, Митановски и Андовски.