Продолжуваат натпреварите во Супер Лигата, наш противник е екипата на Милано

„Петлињата“ на Кул гостуваат кај Њу Старс, на натпревари од 9.коло во Регионалната Скопска Лига
11/24/2022
Пионерите до 3.бода со головите на Атанасовски, помладите без бодови од Куманово
11/26/2022

Продолжуваат натпреварите во Супер Лигата, наш противник е екипата на Милано

Во рамките на 9.коло во Супер Лигата, нашиот клуб за противник ќе ја има екипата на Милано од Куманово.

Во сабота, (26.11) пионерските екипи ќе гостуваат на Милано. Натпреварите ќе се одиграат на градскиот стадион во Куманово, со почеток од 11:00 и 13:00 часот.

Во недела (27.11) на Цементарница сме домаќини со кадетите и младинците, натпреварите исто така ќе стартуваат од 11:00 и 13:00 часот.

Овие натпревари се од големо значење за нашиот клуб, се надеваме на добра игра и позитивни резултати.