Пионерите до 3.бода со головите на Атанасовски, помладите без бодови од Куманово

Продолжуваат натпреварите во Супер Лигата, наш противник е екипата на Милано
11/24/2022
Кадетите со високи 5:1 подобри од Милано
11/27/2022

Пионерите до 3.бода со головите на Атанасовски, помладите без бодови од Куманово

Денес, во рамките на 9.коло во Супер Лигата, пионерските екипата гостува кај Милано од Куманово. Натпреварите се одиграа на градскиот стадион во Куманово, на истите остваривме една победа и еден пораз.

Помладите пионери на ФК КУЛ, на првиот дуел помеѓу овие два тима доживеа пораз со резултат 3-0. (2-0).

КУЛ: Рајевски Христијан, Крстевски Михаил , Цветков Јане , Петаноски Стојанов Гаврил, Ангеловски Никола , Љамалари Фисник , Ангелески Леон , Љамалари Газменд , Стефановски Марко , Здравевски Спасе и Карчев Димитриј.

Домаќинот го доби овој дуел во првиот период кој го заврши со предност од два голa, за време на паузата кумановчани водеа со 2-0. Во вториоот дел само ја потврдија победата со погодокот за конечните 3-0, со тоа бодовите од оваа суперлигашка средба за помлади пионери останаа во Куманово.

Играа уште и Николовски Даниел, Северов Лука, Тасевски Лука, Ристоски Марко и Шавгановски Ангел.

Пионерите на ФК КУЛ одиграа одличен натпревар денес, тие  успеаа да победат со резултат 0-2 (0-1) и да освојат важни три бода на ова гостување.

КУЛ: Диковски Даниел. Спасовски Александар, Трајковски Петар, Трпевски Петар, Стојановски Матеј, Митров Бојан , Атанасовски Стефан, Наумовски Лука, Јовановски Никола, Спасовски Дамјан и Камчев Стојанче.

За нас погоди исти играч во двата дела, првиот период го завршивме со резултат 1-0,  Стефан Атанасовски стрелаше во 35.минута. Во вториот дел истиот играч во 72.минута погоди за конечните 2-0 по асистанција на Камчев кој асистираше и во првиот дел за голот. Со неговите погодоци дојдовме до три бода.

Покрај двата гола на Атанасовски, шанси на оваа средба имаше капитенот Трпевски Петар кој ја затресе „гредата“, исто така обид имаше и Петар Поповски чиj удар отиде над голот. Треба да се напоменат и неколкуте одлични одбрани на нашиот чувар на мрежата, Диковски Даниел.

Играа уште: Блажевски, Лазовски, Сандев и Костовски.