Нов триумф за помладите петлиња, генерацијата 2008 поразена од Њу Старс

Младинците со голот на Попов дојдоа до победа
11/27/2022
Успешно коло за КУЛ во Супер Лигата, подобри во меѓусебните дуели со Милано
11/28/2022

Нов триумф за помладите петлиња, генерацијата 2008 поразена од Њу Старс

Денес на игралиштето на АМС во Ѓорче Петров, генерациите 2008 и 2009 гостуваа кај екипата на Њу Старс, на натпреварите од 9.коло во Регионалната Скопска Лига.

Генерацијата 2009 продолжува да реди победи во ова натпреварување, откако денес успеа да го совлада тимот на Њу Старс со резултат 1:2. Иако домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот, сепак избраниците на Марко Арсовски на крајот стигнаа до три бода. Со оглед на случувањата на теренот и повеќе од заслужен триумф за нашиот состав, кој можеше да победи и со повисока разлика, но денес на моменти не не посака среќата, а имавме исто така и неколку зицер шанси кои требаше да ги претвориме во гол. Сепак на крајот најважна е победата и освојувањето на нови бодови.

Првиот гол падна во 4.минута од натпреварот, истиот го постигна домашниот тим, но многу кратко траеше нивната радост. Кул тргна од центарот и веќе по 30 секунди успеа да го израмни резултатот, после една наша добра акција, Кирил Стојановски, беше играчот кој доби топка во противничкиот шеснаесетник, биеше од некаде 7 метри прецизно за резултат 1:1 по 5 минути игра на овој натпревар. Имавме голем посед на топка и безброј шанси на овој натпрева, Матеј Ивановски од слободен удар ја погоди пречката од голот на домашниот тим, додека истиов играч имаше уште една голема шанса, но одбрани голманот на Њу Старс. На полувреме се замина со резултат 1:1.

Во вториот дел исто така имавме повеќе од играта на теренот, нова прилика имавме преку Марко Стојановски кој не успеа да погоди празен гол од околу 18 метри, потоа Јорго Цаца се најде денес во најмалку две добри шанси, кои останаа неискористени, а доминацијата успеавме да ја претвориме во нов гол, во 70 минута кога повторно стрелец беше Кирил Стојановски, кој погоди на асистенција од Гиевски. Ќе го споменеме и нашиот голман, Божидар Георгиевски, кој во два наврати имаше добри интервенции на нашиот гол.

КУЛ: Божидар Георгиевски, Андреј Илиевски, Матеј Манев, Матеј Ивановски (К), Теодор Љубомировски, Петар Крчаноски, Марко Стојановски, Јован Гиевски, Кирил Стојановски, Филип Дукоски и Николај Наќевски.

Играа уште и Јорго Цаца, Лука Ветеров и Марио Николовски.

Пораз доживеавме со генерацијата 2008 предводена од Горан Тодоровски, на овој натпревар Њу Старс победи со резултат 2:0 (1:0). По еден гол во двете полувремиња постигна домашниот тим за триумф.

Ние имавме неколку обиди на овој натпревар кои останаа без реализација, на крајот моравме да се помириме без бодови од овој натпревар во Регионална Скопска Лига.

КУЛ: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Мартин Гоџо, Михаил Алексов, Андреј Николовски, Теодор Велковски, Трајче Талевски, Ведран Арнаудов,  Филип Димковски, Тарик Муртиќ и Трајче Костадинов.

Во игра влезе и Илија Белевски.