КУЛ е нов лидер во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња

Вонредно 10.коло во Супер Лигата, Шкендија е следен противник
11/29/2022
Наков донесе три бода за кадетите од гостувањето кај Шкендија, младинците без бодови
11/30/2022

КУЛ е нов лидер во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња

Со победата на гостувањето кај Њу Старс (1:2), генерацијата 2009 на Кул предводена од Марко Арсовски е нов лидер во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња. Нашите млади надежи играат одлично сезонава и се едни од најголемите претеденти за освојување на трофејот во својата дебитантска сезона во ова натпреварување. Кул се наоѓа на првото место со 19 освоени бодови, додека втор е тимот на Куманово 2012 со 18 бодови, трет е Шкупи со 16, но ние имаме и натпревар помалку одиграно од споменатите конкуренти.

Регионална Скопска Лига за помлади петлиња

Генерацијата 2008 пред одигрување на 10.коло се наоѓа на средина на табелата со 11 освоени бодови.

Регионална Скопска Лига за повозрасни петлиња