Вонредно 10.коло во Супер Лигата, Шкендија е следен противник

Успешно коло за КУЛ во Супер Лигата, подобри во меѓусебните дуели со Милано
11/28/2022
КУЛ е нов лидер во Регионалната Скопска Лига за помлади петлиња
11/29/2022

Вонредно 10.коло во Супер Лигата, Шкендија е следен противник

Нашиот клуб во среда и четврток ќе го одигра вонредното 10.коло во Супер Лигата, во кое за противник ќе ја имаме екипата на Шкендија.

Во среда (30.11) на игралиштето на АМС во Тетово, ќе се одиграат натпреварите на кадетските и младинските екипи на Шкендија и Кул. Истите ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Во четврток (01.12), со почеток од 11:00 и 13:00 часот на Цементарница ќе бидеме домаќини со пионерските екипи.

До крајот на есенскиот дел, останува уште едно коло во кое за противник ќе ја имаме екипата на Работнички.