Голем триумф за пионерите, Шкендија без бодови замина од Цементарница

„Падна“ лидерот во лигата, помладите пионери подобри од Шкендија, Стефановски и Карчев донесоа три бода
12/01/2022
Супер 10.коло за КУЛ, три победи и еден пораз на натпреварите со Шкендија
12/02/2022

Голем триумф за пионерите, Шкендија без бодови замина од Цементарница

На натпревар со два црвени картони и два досудени пенали, нашите пионери на крајот успеаа да излезат како победници на натпреварот од 10.коло во Супер Лигата против екипата на Шкендија. Конечниот резултат на крајот гласеше 1:0 (0:0).

Во првото полувреме мрежите на двете екипи мируваа, иако ние имавме неколку обиди да го отвориме резултатот. Во шанси се најдоа Никола Јовановски, Лука Наумовски и Стефан Атанасовски, но немаше промена на резултатот, па со почетниот резултат се замина на кратка пауза.

Во вториот дел имаше многу повеќе возбудувања на натпреварот. Најпрво во 48.минута поради втор жолт картон, исклучување доби Бојан Митров, но и покрај тоа што останавме со играч помалку на теренот, по само две минути успеавме да постигнеме гол. После една акција, во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Стефан Атанасовски, па главниот судија оправдано покажа на белата точка. Сигурен реализатор на ударот од 11.метри беше Петар Трајковски, кој ни донесе предност од 1:0. Во 80.минута беа израмнети силите на теренот, со оглед дека и во редовите на Шкендија беше доделен црвен картон. Гостите од Тетово имаа голема прилика во последната минута од натпреварот да го израмнат резултатот, откако добија казнен удар од белата точка, но сепак еден од нивните играчи шутираше над голот, па конечниот резултат остана 1:0 во наша корист.

КУЛ: Даниел Диковски, Петар Лазовски, Александар Спасовски, Петар Трајковски, Матеј Стојановски, Бојан Митров, Стефан Атанасовски, Лука Наумовски, Никола Јовановски, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев.

Играа уште и Марко Костовски, Томи Блажевски и Борис Павлов.

Честитки и за пионерите кои го повторија успехот од помладите, и со идентични 1:0 славеа против Шкендија. Ова беше четврти сезонски триумф за нашите пионери.