Пораз за пионерите во дуелот со Работнички

Работнички подобар од Кул, во последното есенско коло кај помладите пионери
12/03/2022
(Фотогалерија) ФК Работнички – ФК Кул ( помлади пионери)
12/05/2022

Пораз за пионерите во дуелот со Работнички

Денес на Алумина, пионерите на Кул гостуваа кај екипата на Работнички, на натпревар од последното есенско коло во Супер Лигата. Домашниот тим стигна до победа на овој натпревар со резултат 4:0 (3:0).

Заморот од претходниот натпревар со екипата на Шкендија, на кој нашиот состав во четвртокот стигна до победа, си го направи своето, па денес пионерите доживеаа висок пораз. Работнички ги искористи своите шанси и уште на полувреме реши голем дел од дилемите околу конечниот победник, кога на одмор заминаа со предност од 3:0. Ние во првиот дел немавме ниту една шанса да го загрозиме голот на противникот, додека неколку одбрани имаше и Даниел Диковски на нашиот гол.

Во вториот дел, имавме обиди преку Омар Беровиќ и Илхан Имеров, но денес не успевме да постигнеме гол. Домашниот тим во овој дел го зголеми резултатот на 4:0, кој беше и конечен на крајот од натпреварот.

КУЛ: Даниел Диковски, Петар Лазовски, Александар Спасовски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Илхан Имеров, Омар Беровиќ, Лука Наумовски, Никола Јовановски, Дамјан Спасовски и Стојанче Камчев.

Играа уште и Марко Костовски, Петар Попоски и Петар Сандев.