Работнички подобар од Кул, во последното есенско коло кај помладите пионери

Екипата на Работнички е противник во последното есенско коло во Супер лигата
12/02/2022
Пораз за пионерите во дуелот со Работнички
12/03/2022

Работнички подобар од Кул, во последното есенско коло кај помладите пионери

Помладите пионери се поразаени во последното есенско коло во Супер Лигата. Денес на теренот на Алумина, нашиот состав гостуваше на екипата на Работнички, противникот славеше со резултат 2:0.

Екипата на Работнички ги искористи своите шанси и на крајот стигна до победа. Ние бевме рамноправен противник, но сепак после една голманска грешка, противникот успеа да го отвори резултатот, а потоа им се создаде простор за уште еден гол. Може да се каже дека во првиот дел бевме поконкретни од домашниот тим, со оглед дека Работнички првиот директен удар кон нашиот гол го имаше во 40.минута од натпреварот. Ние во овој период имавме обиди преку Марко Стефановски, Газменд Љамалари и Стефан Атанасовски, но во сите наврати одбрани домашниот чувар на мрежата, па така на полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

Првиот обид во вториот дел го имаше домашниот тим, после акција од десната страна, беше упатен удар, но на место беше Рајевски. Екипата на Работнички успеа да казни една наша голманска грешка и да поведе со 1:0. После погодокот, ние се обидувавме да се вратиме во натпреварот, удари директни кон голот имаа Газменд Љамалари и Стефановски, но немаше реализација. Избраниците на Тодоровски целосно се отворија со цел да израмнат, тоа го искористи домашниот тим кој после една акција го зголеми резултатот на 2:0, кој беше и конечен на овој натпревар од 11.коло во помладата пионерска Супер лига.

КУЛ: Христијан Рајевски, Михаил Крстевски, Јане Цветков, Гаврил Петаноски, Никола Ангеловски, Фисник Љамалари (К), Стефан Атанасовски, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Спасе Здравевски и Димитриј Карчев.

Играа уште и Даниел Николовски, Леон Ангелески, Лука Северов и Лука Тасевски.