Солидна полусезона за помладите пионери во лигата, обезбеден и пласман во следната фаза од Купот

Полуфинале за генерација 2013 на турнирот во Бутел, три убедливи победи за избраниците на Пешевски за прво место во групата
12/24/2022
Како помина полусезоната за пионерите на Кул
01/05/2023

Солидна полусезона за помладите пионери во лигата, обезбеден и пласман во следната фаза од Купот

Во наредниов период ќе направиме преглед на есенскиот дел за сите наши четири екипи кои се дел од најсилната Супер Лига. Генерацијата 2007 ја игра својата дебитантска сезона во најсилното натпреварување и можеме да истакнеме дека одиграа солидна полусезона, финишираа на осмото место  со 15 освоени бодови, но ако се земе предвид дека разликата со второпласираниот тим во лигата е само 5 бода, тоа значи дека нашите млади надежи и во пролетниот дел од сезоната можат да се борат за повисок пласман. Не започна баш најдобро сезоната за помладите пионери, но како одминуваше првенството стануваа се подобри, еден период влегоа и во серија од три победи, што им овозможи да напредуваат на табелата. Избраниците на Стојан Тодоровски освоија 15 бодови, имаа 5 победи и 6 порази и ниту еден нерешен резултат. Постигнавме 13 додека примивме 18 голови.

Сите постигнати резултати за помладите пионери во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Кул – Вардар  0:2

2 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  4:0

3 коло: Кул – Шкупи  2:0

4 коло: Академија Пандев – Кул  4:0

5 коло: Кул – Пелистер  1:2

6 коло: Победа – Кул  1:3

7 коло: Кул – Брегалница  2:0

8 коло: Кул – Охрид  3:0

9 коло: Милано – Кул  3:0

10 коло: Кул – Шкендија  2:0

11 коло: Работнички – Кул  2:0

Тројца играчи успеаа да постигнат по три гола, додека вкупно шест играчи се запишаа во листата на стрелци:

  1. Фисник Љамалари, Газменд Љамалари и Марко Стефановски -3
  2. Леон Ангелески -2
  3. Димитриј Карчев и Стефан Атанасовски -1

Оваа генерација на пролет ќе продолжи и со настапите во Купот, откако успеа во 1/8 финалето да го елиминира тимот на Работнички. На единствениот натпревар кој се одигра на Цементарница славеше Кул со резултат 2:0, со головите на Бојан Митров и Фисник Љамалари.