Како помина полусезоната за пионерите на Кул

Солидна полусезона за помладите пионери во лигата, обезбеден и пласман во следната фаза од Купот
01/04/2023
Пласман во најдобрите осум екипи во Купот, двајца играчи со ист број на голови за кадетите во лигата
01/06/2023

Како помина полусезоната за пионерите на Кул

Пионерите се пласирани на 9.место после одигрување на есенскиот дел од сезоната во рамките на пионерската Супер Лига. Оваа екипа освои 13 бодови, или имаше 4 победи, 1 нерешен резултат и 6 порази. Сите четири победи беа остварени последователно од 7-10 коло, кога нашите млади надежи го играа најдобриот фудбал во есенскиот дел. Постигнавме 13, додека примивме 20 голови.

Постигнатите резултати за пионери на полусезоната во првенството:

1 коло: Кул – Вардар  1:2

2 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  5:1

3 коло: Кул – Шкупи  1:1

4 коло: Академија Пандев – Кул  1:0

5 коло: Кул – Пелистер  0:2

6 коло: Победа – Кул  3:0

7 коло: Кул – Брегалница  3:2

8 коло: Кул – Охрид  4:0

9 коло: Милано – Кул  0:2

10 коло: Кул – Шкендија  1:0

11 коло: Работнички – Кул  4:0

Омар Беровиќ се покажа како најдобар стрелец на оваа генерација во есенскиот дел од сезоната, а вкупно седум играчи успеваа да запишат гол зад своето име.

  1. Омар Беровиќ -4
  2.  Стефан Атанасовски -3
  3. Стојанче Камчев  -2
  4. Никола Јовановски, Лука Наумовски, Петар Трајковски и Петар Трпевски -1.

Пионерите ги завршија настапите во Купот, со оглед дека во 1/8 финалето на домашен терен беа елиминирани од екипата на Работнички. Конечниот резултат на натпреварот кој се одигра на Цементарница гласеше 1:3, стрелец на единствениот гол за нас беше Омар Беровиќ.