Пријателските натпревари на кадетите и младинците против Македонија Ѓ.П завршија со нерешен резултат

Преглед на остварените резултати за младинците во есенскиот дел
01/08/2023
Генерациите 2007, 2008 и 2009 ќе се натпреваруваат на меѓународниот турнир „Пирин Куп“
02/13/2023

Пријателските натпревари на кадетите и младинците против Македонија Ѓ.П завршија со нерешен резултат

Денес на теренот во Ѓорче, своите први контролни натпревари годинава ги одиграа нашите кадети и младинци, кои за противник ја имаа екипата на Македонија Ѓ.П. Двата натпревари завршија со идентичен резултат 1:1.

Кадетите на Кул и Македонија Ѓ.П одиграа со нерешен резултат 1:1. Имаше шанси и на двете страни, за на крајот натпреварот да заврши без победник. За нас стрелец на единствениот гол беше Борјан Наков.

Кул: Марко Мицевски, Владимир Стефановиќ, Кристијан Теновски, Александар Спасовски, Матеј Стојановски, Александар Блажевски, Даниел Васиќ, Матеј Цветановски, Борјан Наков, Дамјан Спасовски и Белмин Цамиќ.

Младинскиот контролен натпревар на овие две екипи исто така заврши со нерешен резултат. Можевме уште на полувреме да имаме предност, со оглед дека во овој дел од дуелот добри прилики имаа Манасиевски и Попов, но нивните удари ги одбрани голманот на домашниот тим. Противникот исто така имаше своја прилика, но одбрани Јосифов. Во вториот дел тргнавме офанзивно, а тоа ни донесе предност, кога Попов асистираше до Теодор Перковски кој успеа да ја затресе противничката мрежа за водство од 0:1. До крајот на натпреварот и екипата на Македонија Ѓ.П успеа да постигне гол и да ги постави конечните 1:1.

Кул: Јордан Јосифов, Стефан Ѓорѓиев, Марко Мицевски, Виктор Зафироски, Јордан Петровски, Јован Митревски, Дарио Методиевски, Горазд Попов, Теодор Перковски, Филип Стојанов и Горјан Манасиевски.