Победи за пионерските екипи на пријателските натпревари со Тетекс

Денес, контролни натпревари одиграа генерациите 2004, 2005, 2008 и 2009
02/25/2023
Втор натпреварувачки ден на турнирот во Сандански, први натпревари за генерациите 2012 и 2014
02/28/2023

Победи за пионерските екипи на пријателските натпревари со Тетекс

Пионерските екипи славеа на пријателските натпревари против Тетекс, кои денес се одиграа во Тетово.

Генерацијата 2006 славеше со пресврт, откако на полувреме имаше негатива од 1:0, затоа со подобра игра во вториот дел избраниците на Стојан Тодоровски постигнаа два гола во мрежата на Тетекс за победа со резултат 1:2. Стрелци на головите за нашата екипа беа Александар Спасевски и Стојанче Камчев.

КУЛ: Исајловски, Дамјан Спасовски, Петар Трајковски, Александар Спасeвски, Јован Михов, Илхан Имери, Петар Трпевски, Лука Наумовски, Никола Јовановски, Војо Стојановски и Стојанче Камчев.

До победа стигна и генерацијата 2007, која славеше со резултат 3:1. Одигравме квалитетен натпревар, на кој во листата на стрелци се запишаа Марко Стефаноски, Газменд Љамалари и Фисник Љамалари.

КУЛ: Даниел Исајловски, Јане Цветков, Никола Ангеловски, Димитриј Карчев, Гаврил Петаноски, Бојан Митов, Газменд Љамалари, Фисник Љамалари, Марко Стефаноски, Стефан Атанасовски и Лука Тасевски.

Тренерот Стојан Тодоровски имаше можност да испробува тактички замисли и да им даде шанса на сите играчи кои беа на располагање за овие натпревари. Од следниот викенд е предвиден старт на пролетниот дел во првенството.