Втор натпреварувачки ден на турнирот во Сандански, први натпревари за генерациите 2012 и 2014

Победи за пионерските екипи на пријателските натпревари со Тетекс
02/26/2023
Нови натпревари во Детската Лига на ФФМ, прво пролетно коло за генерациите 2014 и 2015
03/02/2023

Втор натпреварувачки ден на турнирот во Сандански, први натпревари за генерациите 2012 и 2014

Денес продолжија натпреварите на силниот меѓународенен турнир „Пирин Куп“ за нашиот клуб.

Во рамките на 2.коло во групата А, генерацијата 2011 беше поразена од екипата на ФК Септември од Софија, минимално со резултат 1:0. Во текот на утрешниот ден ќе го одиграме последното коло во групата, против екипата на Фенербахче, по што ќе биде познато дали ќе се пласираме во 1/4 финалето.

Првите натпревари на турнирот во Сандански ги одигра генерацијата 2012 предводена од Мики Тодоровски. Со победа го стартувавме турнирот, откако во рамките на 1.коло во групата А, со резултат 1:3 ја победивме екипата на ФА Пловдив.  Давид Николов го отвори резултатот за 1:0, додека со голот на Ангел Симоновски зголемивме на 2:0. Противникот успеа да намали на 2:1, за „печат“ на победата со својот втор гол да стави Ангел Симоновски кој ги постави конечните 3:1. На вториот натпревар одигравме дерби со екипата на Дачија од Молдавија. Квалитетен натпревар со голема борба на теренот, на крајот конечниот резултат гласеше 1:1. Стрелец на единствениот гол за нас беше Ангел Симоновски. Утре, играме натпревар за прво место во групата против екипата на Дрита од Косово, која после два одиграни натпревари има освоено како нас 4 бодови.

Прв настап на турнирот во Сандански имаше и генерацијата 2014 која беше поразена од екипата на Спорт Вилаж со резултат 6:0. За оваа генерација утре на програмата се два натпревари за одигрување.