КУЛ со пресврт на кадетскиот дуел го совлада ФК Вардар

Стартува пролетниот дел во младинската Супер Лига, КУЛ на „,мегдан“ со Вардар
03/03/2023
Младинците на КУЛ без бодови од денешниот дуел
03/04/2023

КУЛ со пресврт на кадетскиот дуел го совлада ФК Вардар

Во рамки на првото пролетно коло во кадетската лига нашиот ФК КУЛ беше домаќин на тимот на ФК Вардар. На оваа прва официјална средба за нас во 2023 година, дојдовме до победа со пресврт 4-2 (1-1).

КУЛ: Јосифов Јордан , Теновски Кристијан ,  Фејзула Осман ,  Цамиќ Белмин ,  Нацев Бојан ,  Наков Борјан ,  Васиќ Даниел, Љубомировски Дамјан, Цветановски Матеј (К ) Филиповски Стефан и Голубов Давид.

Дуелот се играше по дожливо време, противникот успеа на почетокот да погоди за предност од 0-1. Ние имавме прилика од слободен удар за изедначување преку капитенот Матеј Цветановски. Во вториот дел од првото полувреме атакувавме на изедначување и враќање на резултатската симетрија на оваа суперлигашка кадетска средба. Најпрвин со удар од дистанца се закани Голубов Давид, чии удар  голманот на црвено-црните го скроти. Потоа крај гол шут за нас имаше и   Цамиќ Белмин. Трудот се валоризираше во финишот, капитенот на нашата екипа украде една топка на 40-сетина метра, тргна одличнон исфрли два противнички играчи и одлично асистираше до Наков Борјан кој мајсторски погоди за реми 1-1 резултат со кој се замина подоцна на одмор на оваа кадетска средба на „Цементарница“.

На самиот почеток на вториот дел ние тргнавме да направиме целосен пресврт на оваа средба, успеавме со голот на Васиќ Даниел да поведеме со 2-1 во 47.минута. Ние имавме повеќе од играта во поле, за нас се закани Филиповски Стефан чии удар беше одбранет. Топката дојде до Љубомировски Дамјан кој со соло продор се ослободи од своите чувари, одлично го мина голманот на гостите и стрелаше за високи 3-1.

Противникот успеа да погоди за само гол негатива и намали на 3-2.  До крајот имавме две прилики најпрвин се закани Наков Борјан ,  а потоа и  Васиќ Даниел за тимот на КУЛ. Вардар се обиде да изедначи, ние се ослободивме од притисокот и во одлична контра преку Наков Борјан  во 90.минута погодивме за конечните 4-2 и впишавме 3.бода.

На оваа средба играа уште за нас  Спасовски Александар и  Спасовски Дамјан.