Минимален пораз на ЖФК Истатов КУЛ на денешната средба

Младинците на КУЛ без бодови од денешниот дуел
03/04/2023
Пионерските екипи ги одиграа натпреварите со Вардар
03/05/2023

Минимален пораз на ЖФК Истатов КУЛ на денешната средба

Денес на стадионот „Цементарница“ во рамки на првото коло за нас оваа пролет бевме домаќини на ФК АСС Јунајтед, девојките на ЖФК Истатов КУЛ на оваа средба беа минимално поразени.

Оваа средба од 13.коло, прво за нас бидејќи во минатата рунда бевме слободни заврши со резултат 0-1 (0-0) во корист на гостинската екипа. 

Истатов КУЛ:Тина Туџарска, Илјаз Севим, Меијер Симона-Ребека, Јовановска Александра, Нешковска Ана, Асановиќ Љубица, Вучичевиќ Јована, Чонева Радица, Петкова Катерина, Петрушевска Кристина и Бошковска Сузана.

Првиот дел во кој имавме инцијатива заврши без погодоци на двете страни, резултатската симетрија од почетните 0-0 беше на сила и за време на паузата на ова средба од женската прва лига. Во вториот дел гостинот по само три минути игра погоди за предност со 0-1, резултат кој подоцна се покажа како конечен на овој натпревар.

Во игра во вториот дел влезе Ива Здравевска во 69.минута на оваа средба.